Компанијата „Кока-кола“ им се извини на граѓаните на Русија на својата официјална страница на руската социјална мрежа „ВКонтакте” по објавувањето на неточна карта на Русија.
Претходно на страницата на компанијата се појави карта на Русија на која ги немаше Крим, Калининградската област и Курилските острови, пишува порталот „Медуза“.
Потоа на страницата на „Кока-кола“ беше објавена точна карта на Русија, а во коментарот компанијата се извини поради грешката.
Извинувањето на американската компанија предизвика револт кај дел од украинските политичари, од кои некои повикаа и на бојкот на американската компанија и нејзините производи поради нејзиното признавање на Крим како составен дел од руската територија, пренесува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче