„Нафтогас“: Украина радикално ја зголеми цената за транзит на рускиот гас

Новата тарифа се однесува на сите услуги за транспорт на гас преку магистралниот гасовод, вклучително и на транзитот и внатрешниот транспорт.

Украина „радикално“ ја покачи таксата за транзит на рускиот гас преку своја територија, соопшти директорот за развој на работењето на компанијата „Нафтогас на Украина“ Јуриј Витренко.

„Украина најпосле радикално му ја покачи транзитната такса на „Гаспром“ (во согласност со европските принципи)“, напиша Витренко на Фејсбук, пренесува „Взгљад“.

Според неговите зборови, новата тарифа се однесува на сите услуги за транспорт преку магистралниот гасовод, вклучително и на транзитот и внатрешниот транспорт.

На прашањето дали Украина ќе му ја испорача сметката на „Гаспром“, Витренко одговори дека „засега се вршат подготовки“.

Во понеделникот, 28 декември, министерот за енергетика на РФ Александар Новак изјави дека можната цена на гасот за Украина во 2016 година би изнесувала околу 230 долари.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња