Потпретседателот на владата на Русија Дмитриј Рогозин изјави дека ситуацијата околу испораката на ракетните системи С-300 е решена по долготрајните и макотрпни преговори и дека Русија веќе го реализира договорот за испорака на ракетите на Иран.
Потоа ќе бидат реализирани и други договори од воено-техничката соработка со Иран, додаде Рогозин, без да прецизира детали.
Како што наведуваат извори во ресорот за воено-техничка соработка, Русија до крајот на септември 2016 година ќе му испорача на Иран системи С-300ПМУ-2 во вредност од над една милијарда долари, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче