Трамп: Комплиментот од Путин е голема чест за мене

Кандидатот за претседател на САД Доналд Трамп е убеден дека Русија и САД можат заеднички да работат за доброто на целиот свет, а соработката во трговијата и другите сфери ќе биде корисна за двете земји.

Милијардерот Доналд Трамп ја коментираше изјавата на претседателот на РФ Владимир Путин за претседателската трка во САД.

„Секогаш е голема чест да се слушнат комплименти од човек кого го почитуваат во својата земја и надвор од неа“, изјави Трамп. „Отсекогаш сум чувствувал дека Русија и САД мораат заеднички да се борат против тероризмот и за воспоставување на мирот,а да не зборуваме за трговијата и другите добивки што се добиваат од заемното почитување“, ги пренесува зборовите на Трамп РИА „Новости“.

Во текот на вчерашната голема прес-конференција Владимир Путин ја поздрави изјавата на Трамп за тоа дека е подготвен за повисоко ниво на соработка со Русија и го оцени како многу талентиран човек и апсолутен лидер во претседателската трка во Америка. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња