Путин подготвен да соработува со новиот американски претседател

На големата годишна прес-конференција рускиот претседател Владимир Путин кажа што мисли за претседателските избори во САД и како планира да се однесува со идниот американски претседател.

„Прво треба да разбереме кој ќе биде тоа. Но во секој случај, кој и да биде, подготвени сме и планираме да ги развиваме односите со САД“, рече Путин.

Тој призна дека добил добар впечаток од последната посета на државниот секретар на САД Џон Кери на Москва. Рускиот претседател видел дека американското раководство прави нешто за да ги развива односите со Русија.  

„Ние никогаш не сме се затворале. А тие цело време се обидуваат да нѐ посоветуваат нешто, кого и како да избереме итн.“, рече Путин.

Русија не постапува така со Америка и останува отворена за секаков дијалог. „Ќе соработуваме со оној претседател кој ќе биде избран од самиот американски народ“, резимираше Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња