Медиуми: Русија има список со наследници на Асад

Западен дипломат изјави за „Ројтерс“ дека Русија има список со можни наследници на претседателот на Сирија Башар Асад,

Еден западен дипломат изјави за „Ројтерс“ дека Русија има список со можни наследници на претседателот на Сирија Башар Асад, меѓутоа одби да даде детали, пренесува „Лента.ру“. 

Исто така се истакнува дека сите заинтересирани страни дошле до компромис – договорено е заминување на сирискиот лидер по преодниот период. „Русија јасно им даде до знаење на западните држави дека таа не е против оставка на претседателот на Сирија Башар Асад во рамките на процесот за мирно решавање, омекнувајќи ја својата јавно искажана позиција за поддршка на шефот на Сирија“, тврди „Ројтерс“ повикувајќи се на дипломати.

Според нивните зборови, западните земји, Турција, Саудиска Арабија и други неволно се согласиле да го остават Асад на власт додека трае преодниот период – тој компромис го отворил патот за промена на позицијата на Москва. „Дојдовме до решение кое ќе резултира со заминување на Асад“, изјави извор, прецизирајќи дека, без оглед на приближувањето на ставовите, сѐ уште има многу противречности.

Третата рунда преговори за решавање на сирискиот конфликт се одржува денеска, 18 декември, во Њујорк. Во неа учествуваат државниот секретар на САД Џон Кери, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и десетина други министри.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња