Песков: Иднината на Асад може да ја определи само народот на Сирија

На преговорите во Виена „се дискутира не за судбината на Башар Асад, туку за прашања за сириското решение“, потенцираше портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

Политичката иднина на претседателот на Сирија Башар Асад може да ја определи само народот на таа земја. Ова го изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, одговарајќи на новинарско прашање за можноста за промена на позициите на Москва или Вашингтон во однос на Асад.

„политичката иднина на Башар Асад можат да ја определат само Сиријците, народот на Сирија“, изјави претставникот на Кремљ. Истовремено тој потенцираше дека сега, на пример, на преговорите во Виена „ „се дискутира не за судбината на Башар Асад, туку за прашања за сириското решение“.

Во врска со можноста или неможноста за одржување предвремени парламентарни избори во Сирија, Песков потенцираше дека разни страни „имаат мислење за безалтернативноста на потребата од наоѓање политичко решение на ситуацијата во Сирија“.

Портпаролот на Кремљ изјави дека не може да одговори на прашањето дали можат да бидат вклучени и Курдите во процесот на решавање на ситуацијата во Сирија. „Во наведениот случај учењствуваат сите заинтересирани страни и станува збор за држави кои можат да дадат и даваат свој придонес во барањето решение“, потсети Песков.  

Според него, одлуките за траењето на воените дејствија на Русија во Сирија ќе зависат „од ситуацијата во борбата со тероризмот и екстремизмот во таа земја“.

„Руската операција во Сирија се реализира за поддршка и во текот на офанзивните дејствија  на сириските Вооружени сили кои водат борба со терористичките и екстремистички организации“, рече Песков.  

Тој исто така потсети на позицијата на Москва, според која „секое политичко решение тешко може да се постигне пред да им биде нанесен тежок удар на силите на тероризмот и екстремизмот“, пренесува ТАСС.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња