Претседателот на Русија Владимир Путин на големата прес-конференција го нарече именувањето на поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили за губернатор на Одеската област „плукање во лицето на украинскиот народ“.
Путин изјави дека Грузија „почна да се занимава со извоз на политичари“. Сега тие дејствуваат во друга република на поранешниот Советски Сојуз, во „независна Украина“. „Како што гледаме, тие не го променија својот стил на работа“, истакна Путин.
„Според моето мислење, тоа значи да му плукнеш во лице на украинскиот народ. Не е доволно што ја доведоа Украина под странска управа, туку и именуваа вакви политичари“, изјави рускиот претседател, пренесува „Взгљад”.
„Патем, ми се чини дека Саакашвили не доби работна виза за САД. Тие го испратија во Украина малку таму да командува. И тој активно функционира“, изјави Путин.
„На Украина ѝ рекоа: Ние не само што ќе раководиме со вас, туку и ќе ви испратиме луѓе кои ќе управуваат со вас. Луѓе од поцивилизирани, соседни или прекуокеански земји. Ќе ги поставиме сите на водечките позиции, за финансии, за економија, затоа што вие тоа не можете да го направите добро. Други можат, но вие не можете“.
„Од 45 милиони луѓе не може да се најдат пет до десет чесни, пристојни, ефикасни лидери“, го истакна Путин своето негодување.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче