Премиерот на Италија Матео Ренци смета дека санкциите против Русија ќе бидат ревидирани следниве месеци.
„Сметам дека нашата линија за враќање на дијалогот со Русија најпосле преовладува. Вчера Кери се сретна со Путин. Мислам дека пакетот санкции ќе биде ревидиран. Не следниве денови, туку следниве месеци“, изјави Ренци за италијанското радио „Ртл“, пренесува РИА „Новости“.
Притоа премиерот потенцираше дека Италија се придржува до „политичката линија“ на своите „американски пријатели“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче