Кери: САД не спроведуваат политика за изолација на Русија

Кога Москва и Вашингтон работат во согласност едни со други, таа соработка одговара на интересите на целиот свет, изјави државниот секретар на САД Џон Кери.

Државниот секретар на САД Џон Кери по завршувањето на разговорите во Москва изјави дека Вашингтон не спроведува политика за изолација на Русија, пренесува РИА „Новости“.

„Ние немаме политика која за своја цел ќе има изолација на Русија. Не“, изјави Кери.

„Но ние отсекогаш сме кажувале дека кога САД и Русија се наоѓаат на полето на согласност, тоа одговара на интересите на целиот свет. Мислам дека тоа е демонстрација за зрелоста на обајцата лидери и за важноста на нивната улога“, додаде државниот секретар на САД.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња