Русија може да го постави прашањето за санкции против Турција во СБ ООН

Теоретски, примена на санкции против Турција во врска со шверцот на нафта од ИД е можна, изјави во интервју за РИА „Новости“ постојаниот претставник на РФ во ООН Виталиј Чуркин.

Русија може да го постави во Советот за безбедност на ООН прашањето за санкции против Турција во врска со шверцот на нафта од ИД, но засега Москва нема донесено таква одлука, изјави во интервјуто за РИА „Новости“ постојаниот претставник на РФ во ООН Виталиј Чуркин.

„Теоретски, се разбира, тоа е можно. Но ние живееме во реален свет. Гледате дека НАТО почна да ја штити Турција во ситуацијата со нашиот соборен авион. Други во кулоарите ја осудуваат за тоа, но јавно се трудат да не го прават тоа. Затоа ние, поаѓајќи од реалноста, треба да предвидиме што може да се случи“, изјави Чуркин.  

Тој исто така одговори потврдно на прашањето дали може РФ да го постави во СБ ООН прашањето за санкции против Турција.

„Може да се постави. Не ми припишувајте зборови што не сум ги кажал. Ние можеме сѐ. Ако сакаме. Тоа е веќе политичка одлука за тоа кои прашања да се постават. За да не се случи, се поставило некакво прашање, но не наоѓа поддршка, мора да се дефинира многу нијансирана тактика за ова прашање“, додаде Чуркин.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња