НАТО: Инцидентот со Су-24 бара нови правила за безбедност

Генералниот секретар на НАТО призна дека кодексот за европската безбедност застарел и изјави за потребата од обезбедување максимален степен на транспарентност и предвидливост на воените активности во Европа.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг смета дека инцидентот со рускиот авион Су-24 укажува на „неопходноста од зајакнување на механизмите за исклучување на слични инциденти во иднина“, соопштува агенцијата Асошиејтед Прес“ повикувајќи се на колумна на шефот на Алијансата.

„Ние не треба како месечари да одиме во насока на ненамерна ескалација“, напиша Столтенберг во колумната која ќе биде објавена во низа европски изданија денеска.  

Столтенберг истакна дека инцидентот бара „смиреност и дипломатија“ и укажува на неопходноста од обновување на договорите кои важат веќе со години, а се насочени на обезбедување максимален степен на транспарентност и предвидливост на воените активности во Европа.

Освен тоа, како што соопштува агенцијата, генералниот секретар на НАТО ја обвинува Русија за откажување од некои од тие договори или за искористување на дупките во тие договори. „Реалноста е таква што кодексот за европска безбедност застаре“, смета Столтенберг. Тој додаде дека „тоа не е нова Студена војна“, туку е „сигнал за будење“.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња