Русија ѝ постави три услови на Турција

Пред сѐ, руската страна бара извинување од Турција поради соборениот авион Су-24 и инсистира на спроведување истрага и казнување на одговорните лица.

Рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов наведе три услови за нормализација на односите меѓу Анкара и Москва, пренесува „Рамблер”.

Пред сѐ, руската страна бара извинување од Турција поради соборениот авион Су-24 и инсистира на спроведување истрага и казнување на одговорните лица. Москва исто така бара да ѝ биде исплатена компензација за уништениот Су-24.

Односите меѓу Русија и Турција западнаа во криза откако на 24 ноември турски ловци соборија руски бомбардер Су-24 над Сирија.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња