Силуанов: Цена на нафтата во 2016 година може да падне на 30 долари

Ситуацијата со макроекономијата се менува на полошо, потенцираше министерот за финансии на Русија Антон Силуанов.

Министерот за финансии на Русија Антон Силуанов не исклучува дека цената на нафтата во 2016 година може да се спушти на 30 долари за барел и изјави дека е потребно да се подготват резервни варијанти за дејство, пренесува РИА „Новости“.

„Сѐ кажува дека ниските цени на нафтата, најверојатно, ќе доминираат идната година. И, можно е, дека во некои периоди ќе биде и 30 долари за барел. Затоа треба да се подготвиме за сложени времиња за нас“, изјави Силуанов во Казањ.

„Не успеавме да го донесеме буџетот, гледаме дека ситуацијата со макроекономијата се менува на полошо: цените на нафтата во буџетот ги ставивме на 50 долари за барел, сега се веќе околу 36-37 долари за барел. Сега треба да подготвиме резервни варијанти за дејство – што ќе се случи, доколку цените и понатаму продолжат да паѓаат“, додаде министерот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.