Шојгу: Во Европа се распоредени околу 200 американски атомски бомби

Американското оружје за масовно уништување е распоредено на територијата на неколку европски земји: Белгија, Италија, Холандија, Германија и Турција, изјави министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу.

Околу 200 американски атомски бомби се распоредени во Белгија, Италија, Холандија, Германија и Турција, изјави министерот за одбрана на Русија, пренесува РИА „Новости“.

„На територијата на Белгија, Италија, Холандија, Германија и Турција се наоѓаат околу двесте американски атомски авионски бомби. Предвидена е нивна обнова“, рече Шојгу во говорот на седницата на колегиумот на Министерството за одбрана на РФ.  

Според неговите зборови, стационирани се 310 авиони-носачи со различен степен на борбена готовност. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња