„Сакам да ги предупредам оние кои одново ќе се обидат да организираат какви било провокации против нашите војници. Од наша страна веќе се преземени дополнителни мерки за обезбедување на безбедноста на руските војници и авиобази (во Сирија). Таа е зајакната со нови авиони и средства за ПВО“, рече Путин, а пренесува „Взгљад“.
„Сите активности на ударната авијација се вршат под заштита на ловци. Наредувам да се дејствува максимално жестоко. Сите цели кои се закана за руската група или нашата копнена инфраструктура подлежат на итно уништување“, потенцираше тој, повикувајќи истовремено да се развива соработката со државите кои се заинтересирани за уништување на терористите.
Путин исто така додаде дека делови од „Слободната сириска армија“ со бројност од над 5 илјади луѓе заедно со владините сили ги напаѓаат позициите на терористите.
Шефот на руската држава рече и дека војниците на Русија ѝ нанесоа сериозна штета на инфраструктурата на „Исламската држава“ во Сирија и овозможија промена на ситуацијата во таа земја.
Путин потсети дека операцијата се реализира поради фактот што „Исламската држава“ претставува директна закана за Русија.
„Сето тоа е директна закана за Русија и нашите војници во Сирија пред сѐ ја бранат својата земја. Нашите дејствија таму не се диктирани од некакви несфатливи, апстрактни геополитички интереси, желба за тренирање и испитување на нови системи на вооружување. Најважното не е во тоа, туку најважното е да се спречи заканата за самата Руска Федерација“, особено истакна Путин.
.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче