Турција ги процени загубите поради кризата во односите со Русија

Во случај на најнеповолен развој на односите со Русија, Турција ќе загуби околу девет милијарди долари, изјави потпретседателот на турската влада Мехмет Шимшек.

Загубите на Турција поради кризата во односите со Русија во случај на неповолен развој на настаните би можеле да достигнат 9 милијарди долари, изјави потпретседателот на владата на оваа земја Мехмет Шимшек.

„Русија за нас отсекогаш била важен партнер, со неа не сакаме конфликти. Од првите денови разработивме систем на мерки за борба против кризата и сите стопански гранки се подготвени за реализација на овој план. Во случај на најнеповолен развој на односите со Русија, Турција ќе загуби околу девет милијарди долари“, изјави Шимшек во интервју за „НТВ“, а пренесува „Взгљад”.

Тој истакна дека годинава дошло до намалување на турскиот извоз во Русија за 30-40%, за 600 илјади се намалил бројот на руски туристи кои ја посетиле Турција, а исто така се намалил и ангажманот на турски градежни фирми како изведувачи на градежни работи во Русија.  

Во понеделникот Светлана Сергеева, помошник-раководител во „Ростуризм”, изјави дека агенцијата ја завршила програмата за враќање на руските туристи кои отпатувале во Турција преку руски агенции.

Министерот за економски развој на Русија Алексеј Уљукаев притоа изјави дека не се разгледува можноста за проширување на економските санкции спрема Турција.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња