Медиум: ММФ и Украина размислуваат како да ја надмудрат Русија

ММФ е подготвен да ја промени својата политика единствено за Украина да не ѝ го врати на Русија долгот од 3 милијарди долари.

На дневниот ред на бордот на директори на Меѓународниот монетарен фонд на 8 декември е поставено забрзано разгледување на промената на политиката на Фондот за правилата за враќање државен долг спрема кредиторите. Како што велат експертите, тоа е поврзано со заканата дека Украина ќе банкротира затоа што не е во состојба да ѝ го врати на Русија долгот од 3 милијарди долари, пренесува ИА „Регнум“.

Се претпоставува дека според новите правила на ММФ ќе биде дозволен банкрот заради суверениот долг доколку државата (Украина) чесно, но безуспешно преговара со кредиторите (Русија). Во случај ММФ да воведе нови правила, Русија нема да може да бара да ѝ се врати до 20 декември кредитот што ѝ го даде на Украина уште во 2014 година кога на власт беше Виктор Јанукович.

Руското министерство за финансии изјави дека Москва ќе го тужи Киев доколку до 20 декември не ѝ биде вратен долгот. Руските власти претходно понудија реструктуризација на украинскиот долг од 3 милијарди долари, со тоа што еден од условите да биде гаранција од страна на меѓународните кредитори или од властите на САД. САД го одбија тоа.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња