Русија прифатила над 1 милион бегалци од Украина по државниот удар во таа земја, рече претседателката на Советот на Федерацијата на РФ Валентина, пренесува РИА „Новости“.
На бегалците не само што им е обезбеден покрив над главата, туку и можноста да учат и работат, а на децата им е дадена можност да одат во детска градинка, рече таа на седницата на научно-експертскиот совет. Притоа, за разлика од Европа, Русија не зборуваше за миграциска криза, туку во законодавството оперативно внесуваше амандмани, истакна Матвиенко.
Таа нагласи дека благодарение на законската регулатива донесена во рамките на Концепцијата за државна миграциска политика, приливот на бегалци во Русија стана потранспарентен и повеќе контролиран. Настојуваме да ги споиме од една страна контролата на мигрантите и борбата со оние кои ги кршат законите со поддршката за легалните мигранти и зголемувањето на нивната правна и социјална сигурност, рече претседателката на Советот на Федерацијата, истакнувајќи дека Русија во таа област води „промислена и избалансирана политика“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче