Министерот за култура и туризам на Турција Махир Унал ги повика руските граѓани да не се откажуваат од посета на турските одморалишта, без оглед на влошувањето на односите меѓу двете земји, пренесува „РНС“.
„На секторот за туризам треба да се гледа одделно од политиката“, изјави министерот, пренесува турската информативна агенција „Анадолу“. „Како министер за култура и туризам сакам да им кажам на граѓаните на Руската Федерација: Турција е ваш дом, можете да го поминете својот одмор исто толку комфорно и безбедно како што беше порано“, изјави Унал.
Агенцијата соопштува дека без оглед на влошувањето на односите меѓу двете земји, во неделата во Анталија се одржа шестиот фестивал на пријателството на руската, турската и украинската култура.
Како што соопшти за „РНС“ потпретседателот на Асоцијацијата на туроператори на Русија (АТОР) Дмитриј Горин, туроператорите планираат да ги завршат своите чартер-програми во Турција и да ги вратат туристите во Русија до 7 декември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче