„Поаѓаме од тоа дека нема електрична енергија од Украина и сметаме на своите сили на Крим“, изјави министерот за енергетика на РФ Александар Новак, пренесува „Взгљад“.
„Во моментов немаме јасна слика за продолжување на работата со украинскиот енергетски систем. Затоа поаѓаме од тоа дека таа електрична енергија ја нема и сметаме на своите сили“, рече Новак.
„Соодветно, живееме во рамките на можностите кои беа создадени и кои постојат денес на Крим. Сметам дека е направена голема работа. Ова е оперативната слика. Без оглед на сета сложеност на ситуацијата, ситуацијата помалку или повеќе се стабилизираше. Прашањата се решаваат по оперативен редослед“, изјави Новак на состанокот во Симферопол.
Првиот човек на Крим Сергеј Аксјонов изрази надеж дека енергетскиот мост од Краснодарскиот крај ќе почне да функционира веќе на 5 или 6 декември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче