„Експерт“: Како Русија би можела да ѝ одговори на Турција?

Ако до инцидентот дошло во сирискиот воздушен простор, станува збор за турска агресија на која Москва може да одговори како на директен воен напад. Макар што, каде и да е соборен рускиот авион, станува збор за турски дипломатски предизвик, пишува Геворг Мирзајан, политички аналитичар на порталот „Експерт Онлајн“.

Не станува збор само за демонстративна ликвидација на рускиот авион од страна на една земја-членка на НАТО, туку и за демонстративна ликвидација пред одржувањето на седницата на руско-турската група за стратешки дијалог, на која беше планирано и учество на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Така Анкара даде до знаење дека не се надева на дијалог со Москва, пишува Мирзајан.

Како сега да постапи Москва? Доколку поради некои причини не сака директно да даде одговор на оваа провокација, би можела да им даде современо оружје на сириските Курди, кои ќе бидат дополнителен проблем за турската војска на територијата на Сирија, а би можеле и да ја преминат сириско-турската граница.

Постојат и други можности, да речеме, економски, пишува експертот. Турските угостители и бизнисмени веќе доволно ѝ се израдуваа на можноста да заработат по заминувањето на руските туристи од египетските летувалишта.

Нема сомнение дека Анкара ги сфаќа сите горенаведени ризици. Русија денес е единствениот сосед на Турција (покрај Азербејџан) со кој Анкара има нормални односи. Особено по арапската пролет односите со другите соседи се расипани. Како и со ЕУ. Американците се подготвени да ги поддржат сириските Курди, дури и до создавање Сириски Курдистан. Не се добри ниту иранско-турските односи.

Во таквата ситуација конфликт со Русија може да доведе до вистинска изолација на Турција. И до сериозни внатрешни последици по самиот турски претседател. Јасно е дека после сѐ битката на ја загуби Владимир Путин, туку Реџеп Таип Ердоган. Внатре во Турција има многу важни луѓе кои не се задоволни од политиката на претседателот. Не е исклучено и дека намерно му подметнале провокација за да се најде во безизлезна ситуација. Меѓутоа, денес и не е толку важни дали тој го наредил соборувањето на рускиот авион или не. Турскиот претседател без сомнение ќе преземе целосна одговорност и ќе се придржува до ставот дека Турција го штитела своето небо. Москва ќе биде присилена да реагира остро. И не само за да го казни Ердоган, туку и да го нагласи фактот: никогаш, под какви било околности, не смеат да се гаѓаат руски авиони, нагласува политичкиот аналитичар Георг Мирзајан. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.