„На неодамнешната средба меѓу претседателот (на РФ Владимир Путин) и извршниот директор (на ММФ Кристин Лагард) руските власти дадоа предлог кој се однесуваше на должничкиот однос и финансиската ситуација во Украина во контекст на програмата на фондот“, изјавија од ММФ.
„Како што веќе кажавме, очекуваме руските и украинските власти да одржат директни преговори по ова прашање“, изјави портпаролот, пренесува „Взгљад“.
Во средата министерот за финансии Антон Силуанов изјави дека Москва е подготвена да ги разгледа со Киев предлозите за реструктуризација на украинскиот долг од 3 милијарди долари, доколку бидат поддржани од страна на ММФ.
Исто така беше соопштено дека лидерите на Г-20 со голем ентузијазам ги примиле предлозите на Русија за реструктуризација на државниот долг на Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.