Бродовите на руската Воена морнарица ќе им пружаат борбена заштита на француските носачи на авиони во текот на операцијата против „Исламската држава“ во Сирија, соопшти неименуван извор од Генералштабот на руската Воена морнарица.
„Главната задача на бродовите од оперативната група на Воената морнарица во Средоземното море ќе биде обезбедување на стабилноста, т.е. сите видови на одбрана: противвоздушна, противподморничка, противдиверзантска и други”,пренесува „Взгљад”.
Тој истакна дека бродовите на руската Воена морнарица можат да учествуваат во операции за спасување на пилоти во случај на вонредни ситуации, доколку откаже техниката на авионот или ако авионот биде погоден од земја.
Покрај тоа, руските бродови можат да вршат набљудување на бродовите во Средоземното море кои можат да бидат осомничени за превоз на товар за „Исламската држава“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче