Путин: Руските сили во Сирија да дејствуваат со Франција како со сојузник

Потребно е со Французите да се воспостави директен контакт и да се соработува со нив како со сојузници како на море, така и во воздух, изјави претседателот на РФ Владимир Путин

Претседателот на Русија Владимир Путин на состанокот во Центарот за национална одбрана во вторникот наложи да се воспостави контакт со француската група во врска со ситуацијата во Сирија и со нив да се соработува како со сојузници.

„Во најскоро време во реонот на вашето дејствување ќе пристигне француската група на воената морнарица на чело со носач на авиони. Треба со Французите да се воспостави директен контакт и да се соработува со нив како со сојузници како на море, така и во воздух“, изјави шефот на руската држава, пренесува „РБК“.  

Според неговите зборови, началникот на Генералштабот и министерот за одбрана на Русија добиле упатство да разработат план за заедничко дејствување со француската страна.

Претходно беше објавено дека Франција, по нападите на „Исламската држава“ во Париз, ќе формира антитерористичка коалиција во која ќе влезе и Русија. Француските десничари изминативе денови инсистираа дека ефикасен удар на ИД може да ѝ се нанесе единствено со поддршка од Русија, на што претседателот на Франција Франсоа Оланд е согласен.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња