Претседателот на Украина Петро Порошенко во интервју за „Дојче Веле“ изјави дека меѓународната заедница никогаш нема да го признае влегувањето на Крим во состав на Русија и подвлече паралели со референдумот за припојување на Австрија кон Германија под притисокот на нацистите, пренесува „Взгљад“.
„Не можете да го вратите Крим насила, меѓутоа Русија нема да го врати туку-така. За Путин би било политичко самоубиство да ви го врати Крим. Јас го знам тоа, вие го знаете тоа, остатокот од светот исто така знае дека Крим нема да ви биде вратен“, рече водителот на германската телевизија.
„Ситуацијата во Крим е комплетен „Аншлус“, тоа е анексија на суверена украинска територија, тоа е брутално кршење на меѓународното право. На крај меѓународното прави и поредок треба да бидат воспоставени“, рече Порошенко, додавајќи дека агресорите треба да бидат казнети и дека народот на Крим сака да биде украински.
„Цел свет знае дека тoа беше „аншлус“. Цел свет, повеќе од 170 земји, рекоа дека не ја признаваат таа анексија и никогаш нема да ја признаат Никој во ЕУ никогаш нема да го признае тоа. Не постои воздушна врска со Крим, нема дипломатски односи со Крим, никакви инвестиции, а тоа е токму став на неприфаќање“, одговори Порошенко.
„Доколку го одобриме и прифатиме тој факт, тоа ќе го ослаби глобалниот систем на безбедност, тоа ќе биде поттик за агресорот, тоа ќе биде исто како 1938 година. Јас не можам да замислам дека некој во 1938 година прашал: „Дали сфаќате дека Австрија засекогаш ќе биде Германија?“ А мојот одговор би бил не“, истакна украинскиот лидер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче