Во последните 24 часа од Египет се превезени околу 11 илјади руски туристи, изјави за новинарите вицепремиерот на РФ Аркадиј Дворкович, пренесува „Интерфакс“.
„Во последните 24 часа се превезени околу 11 илјади души. Денеска веројатно ќе има малку повеќе, денеска е најтензичниот ден во таа смисла“, изјави тој.
Дворкович потсети дека бројот на руски туристи пред да биде запрен авионскиот сообраќај со Египет се проценуваше на 80 илјади луѓе.
„Се разбира дека во делник бројот на летовите е многу помал. А следниот викенд повторно ќе биде најфреквентен“, изјави Дворкович.
Вицепремиерот исто така соопшти дека во руските региони багажот на превезените туристи ќе биде доставуван со редовните летови на авиокомпаниите. „Патниците ќе бидат информирани каде ќе можат да си го подигнат багажот. Или, по нивна желба, багажот може да им биде доставен преку Поштата на Русија“, истакна тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче