Претседателот на РФ Владимир Путин се согласи со препораките на Националниот антитерористички комитет (НАК) за запирање на авионскиот сообраќај со Египет до разјаснување на причините за падот на авионот А321, соопшти портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.
Според неговите зборови, директорот на ФСБ Александар Бортников го известил за препораките по одржаниот состанок на НАК. „Шефот на државата се согласи со тие препораки“, изјави Песков.
„Путин ѝ наложи на владата да изработи механизми за реализација на препораките на Националниот антитерористички комитет и за враќање на државјаните на Русија во татковината“. Според него, „претседателот исто така наложи да се воспостави соработка со египетската страна за обезбедување на безбедноста на воздушниот сообраќај“.
Песков објасни дека Путин наложил да се запре авионскиот сообраќај додека не биде обезбедено должното ниво на безбедност, а не до завршување на истрагата за падот на А321.
Одлуката на претседателот на Русија да ги запре летовите за Египет не значи дека основната верзија за несреќата на А321 е терористички чин, рече Песков.
Директорот на ФСБ РФ Александар Бортников претходно изјави дека го смета за неопходно да се запрат летовите на руската авијација за Египет до утврдување на вистинските причини за трагедијата на А321.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче