Путин и Ал Сиси се договорија да ја продолжат соработката меѓу безбедносните служби

Прес-службата на Кремљ соопшти дека страните постигнале договор за обезбедување највисоки стандарди за безбедност на руските државјани во Египет.

Претседателите на РФ Владимир Путин и на Египет Абдел Фатах ал Сиси во текот на телефонскиот разговор во петокот, 6 ноември, се договориле за продолжување на активната соработка меѓу соодветните служби на двете земји, вклучувајќи и координација на соработката на органите за безбедност и воздухопловните власти на Русија и Египет. Ова го соопшти прес-службата на Кремљ, а пренесува ТАСС.

Договорот е постигнат поаѓајќи од заедничкото разбирање на потребата за обезбедување највисоки стандарди за безбедност на руските државјани во Египет, како и во услови на прекинатиот од руска страна авионски сообраќај со Египет, истакнаа од прес-службата. Страните истакнаа дека сите овие активности се насочени кон потврдување на заедничката ефикасност на мерките за безбедност кои египетските власти ги преземаат на аеродромите во земјата.  

Двете страни изразија надеж дека во најскоро време ќе бидат создадени услови за обнова на авионскиот сообраќај меѓу двете земји.

Според податоците на „Ростуризам“, во моментов во Египет се наоѓаат околу 80 илјади Руси.

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња