Медиуми: Русија и Индија се договорија за испорака на С-400

Индиските медиуми наведуваат дека РФ и Индија се договориле околу потпишување на договор за испорака на најновиот руски противракетен систем С-400 „Триумф”.

Русија и Индија се договорија за најголемата билатерална соработка на полето на одбраната. Се работи за договор за испорака на најновиот противракетен систем С-400 „Триумф“, соопштија индиските медиуми, а пренесува „Взгљад”.

Договорот е вреден 700 милијарди рупи или 10 милијарди долари, пишува „Јунајтед Њуз оф Индија“. Условите, вклучувајќи ја цената на договорот и бројот на испорачани системи, се договорени на состанокот на руско-индиската меѓудржавна група.

Се очекува официјално потпишување на договорот во текот на посетата на Русија од страна на премиерот на Индија Нарандра Моди, чие доаѓање во Москва се очекува во декември. Истовремено најверојатно ќе биде потпишан договор за купување руска подморница (можно е да станува збор за подморница од проектот 636 „Варшавјанка”).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња