САД, поттикнати од големата активност на руските воени бродови и подморници во Црното и Средоземното море и во Тихиот океан, размислуваат за испраќање голем број бродови во Европа и зголемување на потенцијалот на Воената морнарица на стариот континент, изјави началникот на штабот на Воената морнарица на САД Џон Ричардсон.
„Ваква активност на бродовите и подморниците на Руската Федерација не е забележана најмалку во последните 20 години”, тврди Ричардсон. Според неговите зборови, „во моментов го разгледуваме прашањето“ дали треба да го зајакнеме своето присуство во Европа и во Тихиот океан заради „одржување на потребната рамнотежа на силите“, пренесува „Взгљад”, повикувајќи се на „Фајненшел Тајмс“.
Тој смета дека Русија се обидува да го зголеми своето присуство во светските води за да се покаже како сериозен фактор на светската арена, и тоа во долгорочна перспектива.
Според него, Русија неодамна го покажала квалитетот на својата Воена морнарица, кога од бродовите на Касписката флотила ги лансираше крстосувачките ракети „Калибар“ врз објектите на терористичката организација „Исламска држава“ во Сирија. „Се работи за значителни можности, за значителна демонстрација на сила“, изјави тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче