Москва потврди: Претставници на Слободната сириска армија беа во РФ

Претставници на Слободната сириска армија беа во Русија минатата недела, изјави заменик-министерот за надворешни работи на РФ Михаил Богданов.

Москва потврдува дека претставници на Слободната сириска армија биле во Русија, изјави за новинарите заменик-министерот за надворешни работи на РФ Михаил Богданов, пренесува РИА „Новости“.

„Тие се постојано овде. Некој доаѓа, некој си оди“, рече рускиот дипломат.

Одговарајќи на прашањето дали претставници на ССА биле во Русија минатата недела, Богданов рече дека „беа многумина, и тоа разни луѓе“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња