Замислете во еден ваков убав, топол, летен ден се излежувате на песочна плажа - рацете под глава, наочари и мирис не море...Идилично е зарем не?
Се додека таа идила не ја наруши некој чиновски „Бизон“ кој испловува од под вода и се упатува кон плажата. Се разбира, тоа не е вистински „бизон“, но е уште полош - тоа е руската амфибија наречена „Бизон“ (рус. Зубр), и е повеќе од доволна да ве натера да срипате, да ги фрлите наочарите и да се исчудувате....
Токму тоа се случи пред некој ден на една од плажите во Калининград.
Министерството за одбрана, коментирајќи го случајот, рече дека бродот исполнувал тактички задачи, а дека со оглед на тоа што плажата официјално припаѓа на Министерството, капетанот - мајсотор на својот занает (зубр на руски значи и тоа - мајстор, зналец, искусен познавач), имал полно право да си го паркира својот Бизон помеѓу капачите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.