Медиум: Заканата на Јацењук дека ќе ја тужи Русија е апсурдна

Според германскиот портал „Финанцмарктвелт“, прашањето за односите кредитор-должник не лежи во политичката, туку во правната сфера.

Намерата на Украина да се суди со Русија за сопствениот државен долг изгледа чудно и апсурдно, пишува германскиот портал посветен на прашања од меѓународните финансии „Финанцмарктвелт“.

„Дали некогаш сте слушнале еден должник на својот заемодавач да му поставува рок во кој заемодавачот треба да се откаже од своите барања, заканувајќи се дека ќе го тужи на суд? Дали такво нешто е воопшто можно?“, пишува „Финанцмарктвет“, а пренесува „Взгљад”.

Според порталот, прашањето за односите кредитор-должник не лежи во политичката, туку во правната сфера. Се наведува дека должникот треба да се однесува пристојно и објективно, особено доколку му е потребно да добива олеснети услови за отплата на долгот.

„Но ако тој инсистира, бара и поставува рокови? Такво нешто ретко се сретнува!“, истакнува порталот во статијата под наслов „Јацењук во земјата на бајките”.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња