Лавров за „Боингот“

Шефот на Министерството за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров зборуваше во Државната дума за Сирија, Донбас, за извештајот за рушењето на малезискиот „Боинг“ и други теми. „Руска реч на македонски“ ви ги пренесува главните тези од говорот на министерот на 14 октомври.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров денеска пред пратениците на Државната дума зборуваше за извештајот што го објави Холандија во врска со несреќата на малезискиот „Боинг“ на истокот на Украина.

„Што се однесува до „Боингот“, ние ќе го проучиме извештајот што вчера беше објавен. Уште сега имаме куп прашања, ги имавме, се разбира, од самиот почеток. На нив нема одговор“.

„Денеска слушав како премиерот на Холандија, господинот Руте, апелираше Русија да го почитува овој извештај. Ние секогаш го почитуваме туѓото мислење, но едноставно сакаме да го правиме тоа врз основа на реципроцитет. Нашето мислење никој не го почитуваше, дури и не нѐ праша. Ние буквално молевме концернот „Алмаз-Антеј“, произведувачот на ракетата со која, како што тие тврдат, бил соборен авионот, тој на соодветен начин да учествува во сите експерименти, да одговори на прашања, да даде податоци. Ништо од тоа не се случи“, рече министерот Лавров во својот говор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња