„Руска реч на македонски“ присуствуваше на настанот и ви пренесува дел од изјавите на учесниците по тој повод.
Михаил Швидкој, специјален пратеник на претседателот на Руската Федерација за меѓународна културна соработка, изјави дека „Православната енциклопедија“ денес не претставува само печатено издание, таа може да се најде и на Интернет, а на неа работат голем број специјалисти. Православната енциклопедија претставува институција во која работат голем број луѓе, и тоа не само од редовите на свештенството, туку и световни“.
Проф. д-р Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ја потенцираше соработката меѓу оваа високообразовна институција со високообразовните институции во Руската Федерација која започнува со одамна воспоставената соработка со Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“ па сѐ до потпишаниот договор за соработка од пред три години со Московската духовна академија, како и со универзитетите од Санкт Петербург со кои УКИМ започна соработка годинава.
„Ми претставува особена чест и задоволство што денес имаме можност да ги видиме нашите драги гости од Русија во Охрид со кои ќе ја продлабочуваме нашата соработка“, изјави ректорот Стојковски.
Од друга страна, Сергеј Кравец, претседател на фондот „Православна енциклопедија“ изјави дека во пристигнале во Охрид „во предвечерието на подготовката на томот со буквата М, каде ќе се најдат статии за Македонија, а секако потоа следуваат и другите томови, каде ќе се најде статија за св. Наум и во томот за буквата О, секако Охрид“.
На настанот беше донесена и одлука за поставување претставник на Православната енциклопедија во Република Македонија која ќе ја извршува ректорот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче