Презентација на „Православна енциклопедија“ во Охрид

На 7 октомври во Охрид ќе се одржи презентација на „Православна енциклопедија“, најголемо издание за православието.

Амбасадата на Руската Федерација во Македонија и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје од 7 до 8 октомври 2015 година во Охрид се организатори на презентацијата на “Православна енциклопедија”, најголемото енциклопедиско издание за православието.

Презентацијата на „Православната енциклопедија“ ќе се одржи на 7 октомври 2015 година (среда) во 11 часот во Универзитетскиот Конгресен центар во Охрид.

На 8 октомври 2015 година со почеток од 18 часот, во црквата „Св. Софија“ во Охрид ќе се одржи концерт на хорот Подворје на Руската православна црква од Софија.

Во овие настани ќе земаат учество Специјалниот пратеник на претседателот на Руската Федерација за меѓународна културна соработка Михаил Швидкој, амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олег Шчербак, Поглаварот на Македонската Православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје проф. д-р Велимир Стојковски и претставници на Министерството за култура на Република Македонија.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња