Захарова: Информативната војна против Русија тукушто почна

Изјавите дека во текот на воздушните удари на руските Воздушно-космички сили во Сирија гинат цивили не само што се контрадикторни со доказите, туку се вистинска лага, изјави портпаролката на руското МНР Марија Захарова.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова изјави дека информативната војна против Русија тукушто почнала и дека во блиска иднина може да се очекува нова рунда, пренесува „Лајфњуз”.

„Изјавите дека во текот на воздушните удари на руските Воздушно-космички сили во Сирија гинат цивили не само што се контрадикторни со доказите, туку се вистинска лага. Веќе нема сомнение дека сега се води информативна војна против Русија. И треба да очекуваме нова рунда, затоа што ова е само почеток“, рече Захарова.

Таа истакна дека сите акции на западните медиуми се првенствено насочени кон поткопување на довербата спрема дејствувањето и зборовите на руската влада.

 „Од првиот момент, штом беше објавена одлуката на Советот на Федерацијата која одобрува воена операција надвор од земјата, интернетот е преплавен од фотографии и репортажи за растргнати деца кои наводно се убиени во бомбардирањето на руската авијација. Потоа на сите канали на САД беа емитувани фотографии со потпис: „А дали Русија сигурно бомбардира терористи?“. Иако потоа сѐ беше демантирано, со создавањето на првиот впечаток, западните медиуми ги натераа луѓето да се сомневаат во вистинитоста на она што го зборува Русија“, истакна портпаролот на руското Министерство за надворешни работи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.