Москва не планира да се здружи со коалицијата на чело со САД во борбата против терористичката организација „Исламска држава”, изјави директорот на Одделението за прашања на нови предизвици и закани на Министерството за надворешни работи на Русија Иља Рогачов.
Тој истакна дека веројатноста за здружување е само теоретска, затоа што „ние имаме различни принципи на делување“. „Теоретски кажано, тоа би било убаво од политичка гледна точка, но мислам дека ни е тешко да ги прифатиме оние принципи на кои се заснова американската коалиција. Под условите кои денес постојат тешко дека здружувањето е можно“, изјави Рогачов, а пренесува „Взгљад”.
„Ние повеќепати изјавивме: коалицијата треба да дејствува врз основа на почитување на меѓународното право. Треба да постои или согласност на властите на државите на чија територија се применуваат вооружените сили или дозвола на Советот за безбедност на ОН. Кога станува збор за територијата на Сирија, таа коалиција не го исполнува ниту едниот, ниту другиот услов. Се работи за грубо нарушување на меѓународното право“, објасни дипломатот.
Тој потсети дека сириските власти се обратија до Русија барајќи помош во борбата против терористите и дека Москва дејствува во целосна согласност со меѓународното право.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче