Кремљ демантира дека Путин барал средба со Обама

Изјавите на вашингтонската администрација дека претседателот на Русија Владимир Путин барал средба со американскиот лидер Барак Обама се невистинити, изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

Изјавите на вашингтонската администрација дека претседателот Владимир Путин барал средба со американскиот лидер Барак Обама се невистинити, рече помошникот на рускиот лидер Јуриј Ушаков.

Контактите на највисоко ниво се подготвуваат во затворен режим, такви детали не се изнесуваат во јавност, рече Ушаков и додаде: „Но, ако американската страна веќе решила да ја изложи својата верзија на настаните во дипломатската кујна, и јас ќе морам да кажам како беше навистина“, ги цитира неговите зборови РИА „Новости”.

Ушаков раскажа дека токму американската администрација на 19 септември предложила два термина за средбата на двајцата претседатели во Њујорк.

„Ние одговоривме позитивно и ја одбравме првата варијанта (28 септември). И би сакал да нагласам дека очекуваме од американските партнери повеќе такт и професионализам по повод вакви прашања“, заклучи Ушаков.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња