Путин и Обама ќе се сретнат во Њујорк

Претседателот на САД Барак Обама ќе се сретне во Њујорк со претседателот на Русија Владимир Путин на Генералното собрание на ООН во понеделник, 28 септември, соопшти „Ројтерс“ повикувајќи се на Белата куќа.

Во четвртокот официјалниот претставник на Белата куќа Џош Ернест соопшти дека Обама на средбата со Путин на 28 септември во Њујорк ќе му предложи на рускиот лидер да се приклучи на коалицијата против „Исламската држава“, соопшти „Ројтерс“, а пренесува „Интерфакс“.

Покрај тоа, Обама има намера да побара од Путин исполнување на обврските од Минската спогодба – на пример, до крајот на годината да престане да врши воено влијание на истокот на Украина.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, од друга страна, изјави дека „е договорен разговор со премиерот на Јапонија Абе и потоа е договорен разговор со претседателот на САД Обама“. „Сето тоа е во ист ден, барем разговорите кои се ставени во распоредот се договорени“, додаде тој.

На прашањето за кои теми можат да дискутираат Путин и Обама, Песков се насмеа: „Погодете од трипати“, пренесува ТАСС.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња