Медиуми: Путин навистина му се јави на Елтон Џон

Рускиот претседател Владимир Путин му се јави на британскиот пејач Елтон Џон и изјави дека е подготвен да се сретне со него и да разговара за сите прашања што го интересираат.

Претседателот на Русија Владимир Путин телефонски разговараше со британскиот пејач и го замоли да не им се лути на „телефонските хулигани“ кои неодамна се пошегуваа со него, соопшти портпаролот на рускиот лидер Дмитриј Песков, а пренесува РИА „Новости”.

„Путин по состанокот разговараше со Елтон Џон. Го повика и му рече: „Знам дека ве измамија момците по телефон, немојте да им се лутите, тие се безопасни, но тоа секако не ги оправдува“, ги цитира зборовите на рускиот претседател Песков.

„Путин рече дека знае колку е Елтон Џон популарен пејач и ако во иднина им се поклопат распоредите, тој е подготвен да се сретне со него и да разговара за сите прашања што го интересираат“, додаде портпаролот Песков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња