Кремљ ја осудува одлуката на Киев за ставање новинари под санкции

Кремљ ги смета за неприфатлива и ја осудува одлуката на украинските власти за вклучување на претставници на медиумите во списокот со санкции, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

Кремљ ги смета за неприфатлива и ја осудува одлуката на украинските власти за вклучување на претставници на медиумите во списокот со санкции, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, пишува „Лента.ру“.

Според зборовите на Песков, присуството на имиња на новинари на списокот „апсолутно не соодветствува на некакви принципи на слобода на говорот“.

Новите санкции што ги објави Киев се применуваат на различен начин: на некои лица од списокот им е забранет влез на територијата на земјата, на други им се замрзнати средствата, за трети се применуваат и двете форми. Меѓу триесетината новинари на списокот се најдоа новинари на ТАСС, РИА „Новости“,„Известија“ и „Росијскаја газета“, на информативната агенција RUPTLY, порталот „Взгљад.ру“, ТВ-компаниите НТВ и „Прв канал“.

Од друга страна, министерот за информативна политика на Украина Јуриј Стец изјави дека ќе иницира ревизија на списокот со санкции за новинари.  

„Списокот на претставници на медиумите кои потпаѓаат под санкции е мешан и бара промени. По тој повод јас имав разговор со раководството на Службата за безбедност на Украина и претставници на СНБО. На следната седница на Советот за национална безбедност и одбрана јас ќе ги изнесам моите предлози“, пренесува „RT“.



 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.