И покрај дипломатските напори во текот на август, нема напредок во решавањето на сириското прашање, истакнува британскиот весник „Индепендент“. Вооружената опозиција на чело со „Исламската држава“ и другите екстремистички групи планира да ги убива своите противници, а не да се договара со нив. Башар Асад, од друга страна, не брза со некој да ја подели власта, иако предавањето на дел од власта по географска или институционална основа е единственото можно решение за вооружениот конфликт, смета весникот.
Барањето на Вашингтон до Грција за затворање на небото за летовите на руските авиони за Сирија, наводно поради тоа што тие носат оружје, покажува дека Обама не е подготвен за разумна политика во Сирија, смета „Индепендент“. Меѓутоа, Русија неизбежно ќе биде главниот играч во борбата со „Исламската држава“ и во мировните преговори, затоа што Асад мора да ги слуша ставовите на Русија доколку сака да преживее.
Москва не претендира на доминантна улога во Сирија и на Блискиот Исток, така што не е време Западот да покажува реакции од времето на студената војна. Само заедно Русија и САД можат да влијаат на страните во конфликтот во Сирија со цел решавање на судирот, инаку единствени победници во оваа војна ќе бидат „Исламската држава“ и клоновите на Ал Каеда, заклучува британското издание.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче