ПАК ФА тестиран за борбена употреба на ракети

Ловецот од петта генерација Т-50 од проектот ПАК ФА ги потврди своите карактеристики во текот на пробните летови, изјави командантот на Воздушно-космичките сили на Русија Виктор Бондарев, пренесува РИА „Новости”.

Ловецот од петта генерација Т-50 од проектот ПАК ФА ги потврди своите карактеристики во текот на пробните летови, изјави командантот на Воздушно-космичките сили на Русија Виктор Бондарев, пренесува РИА „Новости”.

„Тестирањето е во полн ек. Нема особени забелешки. Започнати се пробните летови во текот на кои се тестира борбената употреба на ракетите. Ловецот покажува сјајни резултати“, изјави Бондарев.

„Планираме следната година да ја купиме првата серија авиони“, додаде командантот на Воздушно-космичките сили на РФ. Тој истакна дека во текот на демонстрацијата на летот на 25 август на меѓународното авио-шоу „МАКС-2015“ (може да се види на 7:40) ловецот покажал одлични способности за летање“.

Според првиот заменик-генерален директор на концернот „Радиоелектронски  технологии” Владимир Михеев на 25 мај изјави дека рускиот ловец Т-50 фактички е „летечки робот“, кај кој пилотот претставува само еден дел од авионот. Користењето на композитните материјали и иновативната технологија, аеродинамичната структура на авионот и карактеристиките на моторот прават ПАК ФА да биде исклучително тешко забележлив за радарите и другите системи за лоцирање. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња