Најновиот руски ловец ПАК ФА ќе биде како „летечки робот”

Рускиот ловец од петта генерација Т-50 (ПАК ФА) е „летечки робот”, изјави за РИА „Новости” советникот на првиот заменик на генералниот директор на концернот „Радиоелектронски технологии” Владимир Михеев.

Рускиот ловец од петта генерација Т-50 (ПАК ФА) фактички е „летечки робот”, кај кој пилотот претставува само еден дел од авионот, изјави за РИА „Новости” советникот на  првиот заменик на генералниот директор на концернот „Радиоелектронски технологии” Владимир Михеев.

Според планот, сериското производство на новиот ловец би требало да почне во 2016 година, а сега се во тек тестирањата. Засега само една земја на светот има во составот на своето вооружување ловец од петтата генерација. Тоа се САД со авионите F-22 и F-35.

Користењето на композитни материјали и иновативна технологија, аеродинамичната структура на авионот и особините на моторот го прават ПАК ФА исклучително тешко забележлив за радарите и други системи за лоцирање.  

„ПАК ФА веќе во извесна мера е летечки робот, во кој пилотот врши не само функција на управување, колку што претставува еден од составните делови на леталото. Тоа значи дека реакцијата на пилотот е веќе вклучена во структурата на управување“, објасни Михеев.  

Според неговите зборови, ПАК ФА би можеле да го наречеме „паметен“ авион, затоа што тој им „паметна“ обвивка која, освен функцијата за пилотирање,  фактички ја презема улогата на инструментите и помошните системи.   

„Ако ги погледнеме, на пример, граничните плочи на краевите на крилата, тогаш, од една страна, тоа е дел од крилото, а од друга тоа е станица за активна одбрана „Хималаи“. Таа се наоѓа во самото крило и обезбедува не само одредени карактеристики при летањето, туку и заштита:  создава пречки и служи како радар“, изјави соговорникот на РИА „Новости“.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња