Путин: Русите и Украинците се еден народ

Претседателот на Русија Владимир Путин во текот на состанокот со претставниците на националните граѓански организации на Република Крим изјави дека смета дека Украинците и Русите се еден народ.

Претседателот на Русија Владимир Путин во текот на состанокот со претставниците на националните граѓански организации на Република Крим изјави дека смета дека Украинците и Русите се еден народ.  

„Сметам дека Русите и Украинците се еден народ. Ние не правиме разлика“, изјави Путин, пренесува „Взгљад“,

Раководителот на националната национално-културната автономна организација на Украинците од Симфеопол Олег Кравченко истакна дека одлуката за припојување на Русија беше свесен избор, меѓу другото и на Украинците.  

Путин исто така го спомена прашањето на Украинците во Русија, потсетувајќи дека тоа е третиот народ по бројност по Русите и Татарите. Тој исто така обрна внимание на тоа дека во Русија денес се наоѓаат околу 3 милиони државјани на Украина, при што мнозинството од нив е на возраст за служење војска..

„Јасно е заради што дошле во Русија“, истакна Путин. Освен тоа, многумина доаѓаат и за да најдат работа. „Ние тоа не го спречуваме. Како што знаете донесуваме одлуки кои треба максимално да го либерализираат престојот на граѓаните на Украина на територијата на Русија“, потсети Путин.  

Владимир Путин додаде дека за украинскиот народ е „срамна“ практиката на предавање на клучните позиции на странци и преоѓањето на земјата под нивна управа.

Рускиот претседател притоа истакна дека порано или подоцна Украина ќе ги совлада потешкотиите, дека ќе се откаже од оваа практика и дека ситуацијата во земјата ќе се поправи. „Уверен сум дека, и покрај сите тешкотии на сегашниот момент“, ситуацијата во Украина позитивно ќе се развива, дека ќе ја напушти срамната практика што ја применуваме денес, а тоа е доведување на цела европска земја под надворешна управа со тоа што странските граѓани да ги заземаат клучните позиции во владата и регионите“, изјави Путин.

  •  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња