Украина бара од Русија да преземе мерки поради опасноста од прекин на примирјето во Донбас

МНР Украина ги повика руските власти да преземат мерки поради опасноста од прекин на примирјето во Донбас, пишува „Украинскаја правда“.

МНР Украина ги повика руските власти да преземат мерки поради опасноста од прекин на примирјето во Донбас, пишува „Украинскаја правда“.  Како што се истакнува во изданието, ова било соопштено од дипломатскиот ресор на Украина.

„По налог на претседателот на Украина МНР без одлагање ќе ги информира претседавачот со ОБСЕ, државите-учеснички во „Нормандискиот формат“, ЕУ и НАТО за заострувањето на ситуацијата во Донбас и заканата за нарушување на мировниот план”, се наведува во соопштението.

МНР Украина, помеѓу другото, пишува за нападот на доброволците на Старогнатовка во Волновахската област ноќта меѓу 9 и 10 август, како и за ситуацијата со палењето на автомобилите на мисијата за мониторинг на ОБСЕ. Во врска со тоа украинското МНР ја повика Русија „да преземе итни мерки за да запрат дејствијата кои на Украина ѝ нанесуваат рушење и смрт, ја загрозуваат безбедноста и стабилноста на целиот европски континент“.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња