Медведев го нарече назначувањето на Саакашвили „циркус“

На овој начин рускиот премиер реагираше на именувањето на поранешниот грузиски претседател Саакашвили за губернатор на Одеската област, пренесува ТАСС.

Премиерот на РФ Дмитриј Медведев сочувствува со Украина во врска со назначувањето на Михаил Саакашвили за губернатор на Одеската област, пренесува ТАСС.

"Саакашвили е шеф на Одеската област. Циркусот продолжува. Несреќна Украина“, напиша Медведев на својот Твитер –профил.

На 30 мај претседателот на Украина Петро Порошенко потпиша указ со кој Михаил Саакашвили се назначува за губернатор на Одеската област. Покрај тоа, поранешниот претседател на Грузија доби украинско државјанство. Претставувајќи го новиот губернатор во Одеса, Порошенко го нарече Саакашвили „голем пријател на Украина“, истакнувајќи дека очекува од него понатамошно спроведување на реформите во земјата.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.