Лавров: Западот знае дека Киев е главната пречка

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров смета дека водечките западни земји кои ја следат ситуацијата во Украина одлични разбираат дека украинските власти се главната пречка на патот за реализација на Минската спогодба, пренесува ТАСС.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во интервју за каналот „Русија 24“ потсети на ставот на Западот дека доколку Минската спогодба биде реализирана, санкциите против Русија ќе бидат укинати, „небаре само Русија ја потпиша Минската спогодба и само таа треба да ја спроведе“.

„На нашето прашање како ќе реагираат на ситуациите кои постојано се повторуваат и кои истовремено се докажани со факти, во кои Киев не ги исполнува своите обврски, наште западни партнери молчат“, предупреди Лавров и додаде дека „знаеме дека тие им праќаат сигнали на киевското раководство, засега надвор од очите на јавноста“, макар што многу Европејци се на границата да го сторат тоа јавно, затоа што таквите „кулоарски сугестии“ немаат резултат.

Лавров потсети дека Минската спогодба предвидува дека треба да се почнат консултации со Донецк и Луганск за подготовка на локалните избори, дека во Минската спогодба пишува дека економската блокада треба да биде прекината, да бидат обновени социјалните давачки и да биде воспоставена работата на банкарскиот систем, дека треба да биде спроведена амнестија на југоистокот, усвоен закон за посебниот статус на Донбас и спроведена уставна реформа, а дека ништо од тоа не се прави.

Лавров, меѓутоа, истакна дека украинскиот претседател Петро Порошенко останува партнер во преговорите и дека продолжуваат контактите со него „во кои го чувствуваме неговиот стремеж да се спроведе договореното“.

Според зборовите на Лавров, сега е важно да се сузбијат обидите за кршење на примирјето и поигрувањата со тешкото вооружување кое мора да биде повлечено и чувано на утврдените локации.

Лавров рече и дека со американскиот државен секретар Џон Кери отворено разговарал за Украина, како и за обвинувањата дека на југоистокот наводно има руска војска и вооружување.

„Ни предадоа фотокопии на некакви вселенски снимки со многу лош квалитет. Ние ги проучуваме. Не е јасно што е фотографирано таму. Не ни беа предочени никакви конкретни факти“, истакна министерот.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.